нужда (имн.) - го (зам.)

Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но ведаш потоа си помислува дека така можат да згрешат, во забуната да се случи некој да пукне и да го убие човекот, а тој може е некој несреќен намерник, некој кого нуждата го натерала по ова време да дојде во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)