ноќ (имн.) - полн (прид.)

Нема ништо друго во оваа песна освен твоите како ноќ полни тишини; ништо друго освен миг, сосема прост миг во кој го разменувам сиот живот со твојот живот над проста осама за двајца.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Слушнав како чекори кон мене, почувствував како седнува до мене на креветот, како минува со раката по мојата глава за да ме утеши, а јас плачев безутешно во таа ноќ полна со убавина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доаѓај ми, дојди ми ко ноќта полна покој во рацете сини со мрак полна в длабоките очи полна соне во мирните коси.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се чинеше и ги закопуваше ноктите в месо, ја проколнуваше предолгата ноќ полна со подмолни заседи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не бев плачела со години, од моите очи ниту една солза не беше излегла од оној ден кога од мојата утроба го извадија моето дете, и сега плачев, неутешно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)