ноќ (имн.) - спроти (предл.)

Во ноќта спроти коледе сега покрај кладите од огревно дрво се распламтуваат желбите на ороводците и играорците, со топла ракија и варено вино се подгреваат стари неверства и нови мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да го земеме за пример веќе спомнатиот расказ Ноќта спроти Св. Никола, кој не случајно се наоѓа на почетокот од книгава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)