норма (имн.) - можеби (мод.)

Самото тоа не е она што ја обликува геј-културата. (Тоа навистина може да заврши.) Ја обликува тоа што живееме во општествен свет во кој хетеросексуалноста си ја задржува силата на норма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, ги дефинира очекувањата на многумина за начинот на кој живеат тие и другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако си се родил со машки гениталии, вели логиката, ќе се однесуваш на машки начини, ќе посакуваш жени, ќе посакуваш женствени жени, ќе ги посакуваш само нив, ќе имаш секс на активни и продирачки начини што се сметаат за нормални и во рамките на официјално пропишани контексти, ќе се сметаш за хетеросексуалец, ќе се идентификуваш со други хетеросексуалци, ќе веруваш во супериорноста на хетеросексуалноста, колку и да сакаш да бидеш толерантен, и никогаш нема да смениш ниеден дел од овој пакет од детството до староста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, хетеросексуалноста е назив за систем на норми што оди многу подалеку од релативно безопасната практика на сексуални односи меѓу мажи и жени. ‌„Стекнатата мудрост, во стрејт-културата“, како што ја опишува Мајкл Ворнер, е дека сите нејзини различни норми се подредуваат, дека една е синонимна со другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеросексуалноста честопати е назив за целиот тој пакет, иако наклонетоста кон другиот пол е само еден елемент.461 Овој систем на норми можеби не опишува како, всушност, се однесуваат луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)