нога (имн.) - ќе (чест.)

— Гледај, — вели Митра на Доста. — Гледај со коа нога ќе влезиш во куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако дојде некогаш во Потковицата, со скршени нозе ќе се врати назад, вели Мустафа Салиоски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сака уште да рече Ние сме Турци и господари, вие каури и раетини, но сите овдека живееме заедно и право е едни на други да си помагаме, но вели, покажувајќи на Јосифа, Јосиф заспа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако се собереме ние дваесет и пет села, тука има дветри илјади души, ами со нозе ќе и изгазиме сто двесте души во Витолишча, баму бељата — му се врекна Гуцето на Марка и продолжи сега тој место Толета: — Разбраме, Толе, разбраме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си и прибира селаните околу себе, ќе му помага во неволите, ќе и наоружува полека, полека, и кога ќе се нареди одозгора ќе и поведе во борба против агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како ли без нозе ќе игра на нејзината свадба?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повозрасните мажи од селото, кога немаа работа околу добитокот, доаѓаа тука, некои седнати на столчињата, а некои така простум од нозе ќе испиеа по некоја чашка ракија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како едната нога ќе ја откачам, така другата ми се зацапува уште подлабоко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нозе ќе ѝ купам врз тело да ми стежне во нејната утроба да ме врати.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Не сакам да умрам“, му јачеше неговиот сопствен глас во ушите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Насетуваше дека е само прашање на време кога нозете ќе го издадат и ќе почне да се тетерави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ух, бре да даде Господ да прегориш, кај мене во сокачето нозе ќе искршиш по темница, жива сијалица не свети, а овде нема никој, мислиш поради графитот е поставено осветлувањето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затворена во карпите со приод од само една страна, преку двесте скали по кои, симнувајќи се, нозе ќе искршиш, а качувајќи се, ќе испуштиш душа... создадена за млади и вљубени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се сакале толку што дури и се мразеле, да имале нозе ќе се испогазеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ревеле, ‘ржеле за гуша се држеле, се бореле, се кубеле, навистина се љубеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас целата полиција на нозе ќе ја кренам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одам: лева нога, десна нога, не знам која нога ќе ме задоцни. Мислам: мивка, бришка сум станата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја отворам вратата, а озгора по скалите, слушам тропање: тупу, тупу, нозе ќе искрши некој по басамаците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По мене веќе се качуваат свирачите, играчите: тие што имаат нозе ќе играат ора и сиртаки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тогаш не давам нога да ми сечат, велам, двете нозе ќе ти ги чувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта кога ни јавија дека е повредена ги молевме болничарите во Градската болница да нѐ пуштат да ја видиме, барем на кратко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Првичната проценка на докторот, колку што се сеќавам тогаш, беше дека повредената нога ќе ѝ биде покуса, за некој сантиметар! Татјана ќе криви!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Блазе си му. Ногата ќе му пропаднеше низ мојата шупливост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека нѐ држат нозете ќе одиме по нашите мажи. Потоа ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Жени, рекла игуменијата Минадора. - Месете погачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе дојде и тоа време кога со овие дрвени нозе ќе зачекориме по булеварите на Солун и Атина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но кај Чинговци, при пречек и на гости и на свои, и кога ќе се приставеше кафе, тоа тукуречи на нога ќе се ишмркаше за да се седне на главното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Царските луѓе му рекле, оти сите тука се, а само една момичка, шчо ја викаат Мара пепелешка, само таја не је дошла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да разберит чиј бил тој чеел, царот повелал да се соберат сите граждани и гражданки к'де него, за да видит на чија нога ќе се погодит чеелот, та да се познаит чиј је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа чинело оти цареа ќерка го севдисала што му откривала ногата, арно ама коа видело момчето оти после ни в очи му се опулала, тогај се сетило оти севдата од цареа ќерка је била за рибите, а не за него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утрото па ватило момчето таква риба и поминало пак пред цареа ќерка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, тука на ногата ќе ме посечиш со балтијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- И двете нозе ќе ти ги соголам, бре момче - му рекла цареа ќерка - лели нејќеш пари за рибата!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А потоа наеднаш брзите нозе ќе го занесат тој смешен корен на некое најпусто место.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Од нозете ќе правите ли пача? - Не. - А од ушите? - Не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А еве, пак така трчам, не знам дали ќе го познаам, години не сме се виделе, нозе ќе искршам по скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мене ме чудат вашите беспредметни обвинувања, - забележа Паша Емиљевич, кој силно мирисаше на пенливите струи. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Кому му го продаде столчето? - праша Остап со ѕвонлив шепот. Овде Паша Емиљевич, имајќи натприродни сетила, сфати дека сега ќе го тепаат, можеби дури и со нозе ќе го газат. - На прекупец, - одговори тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)