нога (имн.) - негов (прид.)

Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Зошто постојам?‘ Затечен од прашањето негово, тогаш ви реков дека самиот Бог преку пророкот Исаија рекол дека Небото му е престол, а Земјата подножје на нозете негови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Им беше оставен аманет, да прекопаат сè ако треба, кога се разболе таа, прекрасната бела невеста со влажни очи, што не научија никогаш да заспијат, со задача да бдеат деноноќно и да ги собираат под себе, на топло, малите ладни рачиња нивни и големите топли нозе негови, за да не му потскокнуваат од немир и од страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И уште ви кажав дека смртниот живот е само еден од трите неопоходни чекори кон спасението, оти прво во него мораме да добиеме прошка за своите гревови од минатото, та од духовна смрт да преминеме во духовен живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собра во клопче над очите ми испушти темен превез таму каде што шумат боровите таму каде што шумолењето на потоците во моето тело буеја застана тој скитник на мостот од бучните црвени води застана таму каде што отчукнува ѕвоното на мојот живот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тогаш дури цел свет ќе биде под ногата негова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)