нога (имн.) - ѝ (зам.)

Благ трепет ѝ го стресе телото, што ѝ ја разбуди слабоста од која рацете и нозете ѝ омлитавеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И потоа кога стигна до излезот, пред самото минување низ капијата на Гнездо, таа ја истргна едната рака од раката на својот брат, ја поткрена и мафна, мафна онака како што мафтаат луѓето кои тоа го прават за првпат, мафна онака како што тоа го прават оние кои мафтаат за последен пат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немо гледавме од зад решетките на нашите прозорци, гледавме како Добрата Душичка се оддалечува, вртејќи ја главата кон оние решетки зад кои стоеше Макс, одеше свртена така – нозете ѝ чекореа кон едниот, очите ѝ гледаа кон другиот крај на светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зрак бледа светлина се откраднува од синиот свод, ја погалува по срамежливо откриеното колено, додека ногата ѝ го испушта однапред научениот полукруг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа видел како Фиданка Кукникова со раце расфрла по леите пред куќа црни грутки од куп арско ѓубре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Листовите на босите нозе ѝ блескале на сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во битолската болница беше утврдено дека Ивона има напукнатина на десната потколеница. Ногата ѝ беше ставена во гипс.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И пред да исчезне сосем, со последното делче од свеста се сети дека вечноста што ѝ ја вети грнчарот била само преминување од едно место на друго.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата ѝ се ошумоглавуваше, нозете ѝ се потскусуваа, ѝ се одземаше целото тело.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште пред да се раздени, ја разбуди силната желба за пушење, но зглобовите од рацете и нозете ѝ беа врзани за прачките од креветот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тогаш светот веќе изгледаше како мирно место, исполнето со љубов, а пред нејзиниот кревет бдееше еден достоинствен старец со нежни движења и со смирувачка насмевка, кој ѝ ја врати волјата за живот со две хипнотички движења на раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само ѕвездите низ солзи и низ златните, треперливи трепки го гледаат кутрото девојче на кое мразот врз босата нога ѝ облекол чевличка од стакло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ногата ѝ е одмерено поткрената; ѝ светкаат чевлите првпат обуени, ѝ ѕиркаат везените винени чорапи под долгата бела кошула порабена со прекрасни шарби; во раката зафучила везано шамиче со разнобојни пуфки на рабовите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нозете ѝ се потсекоа. Седна на скалите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие не требаше да бидат врзани, самите се имаа врзано за нејзината миризба и сѐ зад нозете ѝ одеа, па така, првата ноќ ја поминаа седејќи врз бовчите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред кабината за пасошка контрола, не испуштајќи му ја раката, Л.А. одржува мал утешен говор: Случајноста, mu friend, ти е едно таинствено совпаѓање на нештата што низ нашите животи се случува инкогнито.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, кожата не ѝ е наежена, таа само малку ги беше стуткала нозете, така што задникот изгледаше уште помазен и оптегнат во однос на грбот, како тело на виолончело. Ѝ дојде од предната страна: ако нозете ѝ се собрани, меѓу нив ѕирка мовчеста полјанка, потемна од косата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нејзините стапала беа црни, а над глуждовите, нозете ѝ беа отечени и сини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нозете ѝ изгледаа малку тромаво, бидејќи се удираа и се триеја една од друга во горниот дел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ѝ на Дора велеше дека на Ане не ѝ даваат да јаде и дека затоа нозете ѝ се како чепкалки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Те сакам“ – напиша на гипсот наместо потпис. Скршеницата на ногата ѝ зарасна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Рацете и нозете ѝ се заплеткуваа во предолгите ракави и ногавици.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мал чекор отчекорува Фимка... А чекорот тежок небаре олово некој на нозе ѝ врзал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)