нога (имн.) - им (зам.)

Додека низ воздухот треперел сè уште од возбуда топлите зборови што занесениот витез му ги даруваше на својот драг пријател, меѓу нозете им се плеткаа две црнооки gemulsi, машкото од пет, женското од три години, родени во бракот на Антонио со византијката Марија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не се гледаше низ тревата, но нозете им шлапкаа и им пропаѓаше речиси целата стапалка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тие ги вртат главите, а нозете им џглибаат во калта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нозете им пречат во одењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Предните нозе им станале задни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од немирниот сон што трае со месеци, од превртувањето во постела неделава, од наглото станување од кревет, мугриве.  Холокауст центарот е трауматично здание.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај нозете им стојат мали куфери.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа им ги насити душите, првпат, откако се родени им ги развесели рацете, нозете им ги разигра, усните им ги распеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но нозете им се сплеткаа, испопаѓаа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Боси биле. Нозете им премрзнале. Немале што да обујат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога се превртени, малецките нозе им се склопени, и колку повеќе ги набљудувам, сѐ помалку им верувам на своите очи. Распаѓањето е сјајно кај бубачкиве.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Претпоставувам дека при одење предните нозе им се отворени нанапред, а потоа свиткани за да го подигнат телото. Сѐ уште се прашувам дали скокале.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По песочното крајбрежје коњи фучат Нозете им се долги (со колената ги допираат жабрите што им израснале на вратот).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навлегоа длабоко во гората... Под нозете им шумеа сувите букови лисја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)