ново (имн.) - писмо (имн.)

- Сигурно тоа не беше причината што не го прифативте предлогот на Ататурк да станете цариградски судија, врз основите на новото европско право и новото писмо?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но еве сега таа во новото писмо, сосем неочекувано за мене, запре на преводот на еден збор, што прераснуваше во поголема тема, која требаше да заземе поголем простор во нашите идни писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас знаев дека тоа ќе оди мачно и со буна во народот, оти сега светот, со новото писмо изгледаше мал, стеснет и премногу едноставен: ниедно нешто за кое немаше слика во писмото на Стефан Писмородецот – не постоеше веќе, тие нештата постојат само доколку имаат име за да можеме да ги именуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како резултат на таа дејност, моделот на писмо во јазикот за кој се создава писмото, индуцира определено множество од фонетски единици, чија целокупност го сочинува планот на содржина на новото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во суштина, тоа е создавање на план на израз напоредно со план на содржина на системот на писмо и овие два процеси взаемно се сврзани процеду­ри, додека оформувањето на планот на содржина и на израз претставува един­ствен творечки процес на создавачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чувствував распнат помеѓу старото и новото писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зад секој алфабетски систем на писмо стои единствен создавач, кој според од него одбележан план и врз основа на систем преземен од писмото-прототип го создава новото писмо за својот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи секој систем на писмо, а особено алфабетот, претпоставува имплицитно претходна фонетско- фонемска анализа на јазикот од страна на составувачот на писмото, тогаш секој систем на писмо претставува најстар пример на лингвистичко истражување во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)