ново (имн.) - време (имн.)

Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми се плашеше од противречностите на Отоманското царство, коишто толку добро ги познаваше и разбираше, да не продолжат и во новото време – времето на социјализмот, на комунизмот, под плаштот на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наблизу, голем градски оркестар свири променадна музика што ечи низ булеварот по кој се одвива парадата на кадифените трудбеници на новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа новите жртви на неговиот народ натеран на нови селидби и на светско расејување што продолжило и наредните векови од новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мирисаат липите на пространиот булевар.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во минатото низ повеќето маала се слушаше џагор, но новото време ги закатанчи децата пред своите компјутери па дружењето најчесто се одвиваше по вештачки пат и преку социјалните мрежи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите писатели на трактати, меѓутоа, како узори ги споменуваат античките писатели, иако се знае, а тоа посебно Margina #26-28 [1995] | okno.mk 237 важи за Тезауро, дека еквивокниот кончетизам (Грасиан) е симбол на новото време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имаше целосни информации и за џамијата Исак-беј, подигната уште во 1508 г., за Хајдар џамија, од 1561, како и за џамијата Јени Моске, изградена во 1558, а во новото време претворена во уметничка галерија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред некој ден, бев модератор на трибината на тема: „Театарот и притисокот што го трпи од новото време или од материјалната беда“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие, новото време на театарот го дефинираат како постдрамско.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имателите на туѓите станови молчеа како сомови под стреи и чекаа да дојде новото време, да дојде новата власт. И дојде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го анализира однесувањето, на суштеството кое се бори да се пронајде во ритмот на новото време.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Најголем дел од тие млади се гледаа исто како во песната, како камен темелници на новото време. - Радо! Твојата песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа наздравија за времето идно. За новото време. Живот по сосема нов терк.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Спојот меѓу атлетиката и алпинизмот од Ивона создадоа силна физичко-емоционална личност, спремна да се бори со сите предизвици на животот и новото време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Работам во белградската телевизија, обична девојка сум и се обидувам да фатам чекор со новото време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ивона беше подготвена да се носи со сите предизвици на новото време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така сфатен, хуманизмот на авторот на двете Пасквелии звучи како несвесен одбранбен гест што уметникот го отправува кон сите стравои со кои новото време во својата бурна надојденост одново како да го загрозува неговиот идеал.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓа Мариела во Ема гледаше жена на новото време, млада и енергична, образована и храбра, подготвена за авантура без да биде свесна за евентуалните последици во професијата и во животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Споменот на новото време ме потсетува на вечноста украдена од сништата Божји.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Такви заверки не им се даваат само на Словените Ами на сите кои отшто си ги вардат сопствените образи Ѓоа не ги разбираат потребите на новото време
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Драгоцени се, како сознајби на едно време и еден простор мислите-брилијанти, што како волшебен клуч го отвораат хоризонтот на новото време, ставени во златната уста на Големата Мајка: – „Кај ти е Татковината, Мајко” – ја прашува Ервехе војничето на граничниот премин. – Мене ми е Татковината таму, кадешто ми се децата. – А кој е твојот народ, Мајко? – Народот со којшто живеам, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тоа е дел од настаните поврзан со Едовците на новото време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, Татко се заплетуваше во своите мисли за границите на новото време, кога и Игор Лозински, во бурната балканска ноќ по спасот на патот на јагулите, беше прогонет од оракулата на минатото свртена кон иднината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја оставаше промената на името за новото време, кога очекуваше да добие високо место во партиската хиерархија и власта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеше да разбере што ќе донесе новото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оставаше Татко сепак соговорникот сам да си ја отпетла душата и да ја изнесе вистината што го притискаше: - Ни дојде новото време, со тапани и митинзи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега на родната земја ѝ пристапував од новото гранично место близу Манастирот, со модерни гранични згради, извишени од двете соседни земји, со надежите за зближување што најпосле ги донесуваше новото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Решија чуновите да ги прилагодат на новото време. Дури и ги обоија црвено, а на клунот им цртаа петокраки со срп и чекан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Си течеше тука животот на истекот на реката од Езерото, си течеше со новото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакал или не, Јагулче Дримски стана херој на новото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мораше да има херојско име, достојно на новото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој со Цветана Горски внимателно го слушаше: - Во новото време, кој и да е режим, ќе ја покажува својата величина само според односот кон Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НЕДООДЕН ПАТ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште колку ќе треба да страдаме пред да се пронајде нешто што ќе ја пополни празнината што ја оставаат смртните гревови на новото време, тие јалови идеали, новиот начин на живеење и новите размислувања за утописки свет, со праволиниски вредности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти се движеше на тој начин, со ритамот на новото време поспана и оддалечена од тлото на било кој народ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)