новинар (имн.) - во (предл.)

Пола од новинарите во холот му се упикуваа во шупак на лидерот од опозицијата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Работел како новинар во весникот „Нова Македонија“, а потоа во Радио - Телевизија Скопје како уредник на Филмската редакција.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бил: Новинар во “Нова Македонија” (1971 – 1977) Уредник за уметничка литература во издавачката куќа “Мисла” од Скопје (1977 - 1980) Уредник на емисијата “Литературен мозаик” на Македонското радио (1980 – 1985) Лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994 – 1997) Акредитиран новинар на Македонското радио за Средна Европа од Прага (1994 – 1997) Студиски престои: Руски стипендист на Универзитетот Ломоносов во Москва (во академската 1989 – 1990 г.) На покана на Универзитетот Ломоносов од Москва остварил студиски престои во Русија и во 1993 и 1994 година.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бил учесник на повеќе научни собири од меѓународен карактер, одржани во Македонија и во странство: Македонско-руска научна конференција (Охрид 1995), Македонско-чешка научна конференција (Охрид 1996), Руската литература во контекстот на светските литератури (Москва 1993), Литературата на руската емиграција во културниот контекст на Европа во ХХ век (Софија, 1993).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од 1925 до 1927 бил новинар во весникот Daily News од Чикаго.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дејан, низ цинична насмевка наполнета со пожолтени заби ја цитираше мудроста којашто Тодор, уште во деновите кога двајцата беа новинари во локалниот весник му ја посочуваше како врвен интелктуален дострел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
30 ноември 2009 – Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите на ЕУ, во Брисел донесе одлука за укинувае на визите за Македонија, Црна Гора и за Србија од 19 декември 2009.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
28 ноември 2009 – Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел за последното флагрантен начин на притисок врз работата на новинарите во земјата и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како што во 2001 година напиша Ким Козловски, новинарка во Детроид њуз, „Глен ги зби редовите на групата и ја претвори во најударничка антигеј-организација во Мичиген“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)