немање (имн.) - време (имн.)

Како се чувствувам? Се снаоѓам, што значи дека може да ме погоди немањето време (за себе) и чудните (твои) треперења...“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сепак, набрзо приметив дека поради немањето време да се подготвам како што треба, изведувањето на таа задача не се развиваше на начин на кој таква брилјантна тема заслужува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од немање време, човек не стига да направи паралела помеѓу тоа како живеел порано и како му е сега. Све е исто, ама не е баш...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)