некој (имн.) - и (чест.)

Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам некој и написмено да ми се јави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој само за себе се моли, некој и за здрави и за болни и за умрени се моли. „Господе помилуј и амин господе!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
не се трае за јадење, некои и по три пати во денот го менуваат името и ги тепаат децата за да плачат: кога плачат не им бараат јадење, забораваат дека им се јаде, ако продолжи оваа сиромаштија, велат луѓето, не ќе ги познаваме и парите, ќе заборавиме која колку е и од колку е,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)