недела (имн.) - ќе (чест.)

Света Недела ќе ве отепа, не ќе останете кога јас друга ќе прибера во моата куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По две недели ќе биде Свето Благовештение; дотогаш во ливаѓето и оградите ќе стаса зелјето па за да зготват жените за празникот Риба на зелје под вршник, тие, мажите, ќе мораат да отидат на Црна и во Блатото за да изнафатат риби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
237 Имајќи го предвид германското повлекување од Грција од мисиите во Македонија се барала “идентификација на трупите кои во сегашниот момент или во наредните неколку недели ќе поминуваат низ вашата област“, а исто така им било нагласено дека “нафтените и бензиските цели имаат приоритет при воздушните напади.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Откако ја прими веста, стариот Карче не побрза да разгласи по Ресен дека в недела ќе го свршува синот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во недела ќе одиме во Белград каде веќе е закажана веридбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Што толку важно ти се случи, па не дојде?“, ќе праша и веќе следната недела ќе го видиш прв нацртан во дворот на црквата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А и како 9 и пол недели ќе се претворат во 6 месеци љубов без прекин, а ти - те во делови, те составена, наутро, кога во онаа мраз постела, откако ќе си го добиеш... ќе си го добиеш и кафето и појадокот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Не, викала жена му. - Ќе почне од мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(За една или две недели ќе исфрли од себе скрапличе со чпртаво муце, а гледај ја - ќе му ги глода маченичките коски на својот добротвор!)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете какви сте вие моите слуги. A зошто те хранам јас тебе, да служиш, или да молиш како баба? Најпосле... ти нема и што да знаеш. Ќе јавнеш коњот, за една-две недели ќе отидеш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Приквечер, исто облечен како за на работа, излегуваше в град да се напие кафе - наут со другарите од младоста во една иста меана и да се договори со нив дали в недела ќе се качат на врв Водно или ќе појдат на Солунска Глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„За една недела ќе ти го сплетам пуловерот“, вели мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја слушам мама нешто ми зборува и тоа ме враќа во мојот реален живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По шест недели ќе направиш голема молитва и после си слободна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
До крајот на неделата ќе имаме доволно од сините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто не е во ред со моите очи. Не можам да плачам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Белиот конец на бел материјал може да те ослепи, затоа не заборавај често да трепкаш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како ти се очите?, ме прашува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)