недела (имн.) - се (зам.)

Во неделата се одвикнував од училишните часови, еден ден подоцна, требаше да почне она истото - сè до саботата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Претходно со недели се подготвуваше за овој момент и никогаш не му падна на ум дека ќе му биде потребно што и да е друго освен храброст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Наум, решен докрај да се прослави како предавник, во неделата се јавил пак кај Стефан и му раскажал дека Марко не бил пронајден затоа што успеал да се скрие.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Добро, и овојпат скрив од него дека во неделата се качив на крошните на највисокото дрво од неговата макета.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прво неколку недели се врткал околу Лумановото село и еден ден го отепал Турчинот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи речиси и не ме погледнуваше, воопшто не ни забележа како од нејадење и неспиење за една недела се претворив во бледа вреќа коски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)