невеста (имн.) - го (зам.)

Невестата го турка трипати, а потоа си ги брише солзите, оти ја наоглави деверот и сега ќе му ја водат на зетот — тој да господари со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само за миг, а потоа убавата насмеана невеста го прегрна и го бакна човекот на скалите од катедралата и за рака со зетот, исто така насмеан и убав, потрчаа покрај него кон паркираните автомобили.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)