начин (имн.) - и (сврз.)

На истиот начин и херменевтичкиот пристап на големите англиски и германски романтичари- преведувачи е поврзан со менувањето на концептите за улогата на индивидуата во социјален контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, за „Маргина“ периферни точки не постојат; нештата комуницираат на најфантастични посредни начини и влијаат едните врз другите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тетка ми со шамиче ги бришеше солзите, а јас во тој момент, веројатно поради начинот и содржината на сето тоа што го нареди не можев да заплачам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бараа само начини и поводи за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа можеби се чактиса на свој начин и на еден празник дојде однекаде, од некое друго село, во облека со лешникова боја, туѓа, бездруго на некој иселеник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зато ќе морам да најдам начин и причина да се извлечам од дома во то време.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го следеше како се развива тоа, беше еден стар начин и можеше да се следи во сите негови преломи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бабата ми одговори со весело смеење: - Ах, комшија, лесно е да се дават совети, потешко е работите да се доведат в ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На тој начин и скалилата не ќе бидат волку окрвавени, додадов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Кејтеновиот син не признаваше, рече: - Никогаш не сум крадел, - одговори, - нишнувајќи ја главата нагоре, на свој начин и јас со сигурност знаев дека никогаш не крадел и нема да се обиде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
3 Од неговото донесување ЗТПОК има претрпено десет измени и дополнувања, во 1998, три во 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2006 и 2007 година.  4 Со овој закон се уредуваат условите, начините и постапката за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во претпријатија во кои е определен сопственикот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Некои се спасени на друг начин и, подоцна, нивното чување се толерира во некои краишта од поранешна Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Резултати без зборови, тоа е деноноќна работа на моќните... а моќта е начин и умеење како, да се владее со човештвото... моќта е сираче без резултат!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ИВАН: Тоа дека нема смисла на тој начин и со таков јазик да се говори за луѓето...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Заборавот памти на свој начин и барем не може да му се префрли дека нема стил. Меѓу две зла Што ако животот ти е даден да бираш меѓу две зла и да го одбираш секогаш - поголемото?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)