начин (имн.) - сосема (прил.)

И по законот на ноќта во Белата Долина, која некој ја нарекол бела сигурно во една ваква ноќ, од некаде од далечината почнаа и сега да поникнуваат дивите писоци, целите во некакви кристални одзвуци и на некој начин сосема свои, сосема домашни, тука, во овој бел заблескотен свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На тој начин сосема неочекувано, помеѓу забелешките за обични делнични настани, какви што се на пример располовеното орево дрво на Колевци од некој погром по Илинден, и погребите на нивните соселани проследени од неговите лични забелешки, наеднаш ќе се појавеше и веста за наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)