начин (имн.) - сака (гл.)

Токму поради ова ние можеме на него да ја примениме деконструктивистичката операција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да земеме еден од бројните примери: метафизиката на присутност е разнишана со поимот на знак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но ... сѐ додека некој на овој начин сака да покаже дека не постои никакво трансцендентално или привилегирано означено и дека полето или играта на означување понатаму немаат никаква граница, тој мора да го отфрли дури И самиот концепт И збор знак - а тоа е токму она што не може да се направи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Велгоштанецот на севозможни начини сакаше да му помогне, да го подготви младиот човек, да може утре кога не ќе биде под крилото на својот вујко да може сам да ги дочека и да ги издржи неминовните удари на животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас му реков дека мојата трговија и мојата работа е поврзана со сите, и со рајата и со Турци, спрема сите, сакал нејќел, сум погрешил, та на овој начин сакам да ми се простат гревовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Итриот Хилми-паша и на таков начин сакал да ги „потсети“ европските дипломати дека борбата што се води во Македонија и „анархистичките“ акции „биле“ диригирани од Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Почувствува дека по тој начин сака да продре во некоја тајна. Испитуваше, слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дека татко ми на тој начин сака самиот да си олесни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему изгледа му е неопходно да си пронајде виновник, кој било да е, само тој да не е, па бидејќи мајка ми му е најблиску до него, таа е тој вечниот виновник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мишко тоа го открива и на некој начин сака да му помогне.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И секој на свој начин сакаше да ја искористи нивната топлина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)