начин (имн.) - може (гл.)

Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Историјата и судбината не се ниту на кој било начин можат да бидат догми, статични дефиниции на која и да било - религиозна, филозофска, научна - согледба.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мора да се признае дека и овој начин може да биде ефективен доколку немате никој во вашата близина па навреме да ве спаси:)
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Ако, на пример, на некој начин може да им послужи на нашите интереси да фрлите сулфурна киселина во лицето на некое дете - дали сте подготвени да го сторите тоа?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, иако совршено добро знаеше да им гледа на кафе на познати и на непознати, чии судбини, желби и минато со леснотија ги читаше од филџаните, во својот никогаш не можеше да види ништо, ниту пак на некој објективен начин можеше да ги протолкува оние фигурички и форми што ќе ги видеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само на ваков начин можев да ги допрам темните долапчиња на мојата потсвест.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа ни финансиски не е тешко за изведување, а освен тоа луѓето што дома немаат компјутер на овој начин можат многу лесно да го користат за комуницирање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Новите telescreen технологии ќе создадат телекомуникациски врски за податоци, за да понудат пристап до информациските складишта односно до сајберсветот. И на кој начин можеме да го споредиме компјутерот со психоделиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А потоа следеше и прашањето: Во која мера виденото на тој начин може да се смета за доказ а во која мера за привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи (најпосле морам да признаам) при упадот во собата на заговорниците нивната збунетост оставаше поинаков впечаток, од оној, видениот низ затворената врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само на овој начин можам да си го протолкувам и оној случај со ноќта во која на посебен начин ја здогледав месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да, кога ќе ја доведеш Катерина ќе ѝ објаснам колку си ѝ верен и на колку начини може да ја злоупотреби твојата верност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поп Јаков се испушти пред скромниот калуѓер. – Само по еден начин можат, оче, да дојдат кај нас ако нападнат од сите четири страни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Европа е единствениот континент кој на тој начин може да се „дуплира“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Убаво е да ти е принесено увото до земјата; само на тој начин можеш да учествуваш во разговорот на зрелите плодови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)