начин (имн.) - бев (гл.)

Гледано од ваков аспект, откако 150 Margina #11-12 [1994] | okno.mk ги завршил сериите слики за познатите личности и несреќите во раните шеесети, Ворхол станал жртва на сопствениот успех.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ваквото неразбирање за последната етапа на Ворхоловата уметност беше уште еднаш подржана и со изложбата во МОМА каде на многу површен начин беа третирани и преставени неговите последни дела како примероци од разните “фази” на Ворхол: еден Roschach, еден Reversal, неколку од Oxidations, еден Self Portrait, една Last Supper итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вор­хол снимаше сѐ и никогаш ништо не фрлаше; фондацијата овозможи музејот да ги добие поголемиот дел од архивските материјали, вклучу­вајќи нотеси со разни исечоци, примероци од магазинот Интервју, снимени ленти со музиката на Велвет Андер­граунд; сите овие работи ќе бидат изложени во гале­риите на музејот и во читалната која ќе биде отворена за посетителите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во текот на шеесетите на одреден начин бев припадник на едно авторско движење коешто се обидуваше да прави ненаративни филмови и да создава една таква кинематографија, во што требаше да се вклопи и моето сликарско образование.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таму работеа луѓе одговорни за создавањето на британски програми што ги праќаа низ ТВ мрежите по целиот свет и на еден начин беа пропаганда за британскиот начин на живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ни тоа никогаш не беше искажано со зборови, но, на индиректен начин беше всадувано во секој член на Партијата од најраното детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разврската се одвиваше неочекувано брзо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рака на срце, сите на свој начин бевме виновни за таквата ситуација.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со илегалното испраќање на Илона во Италија преку каналот што дотогаш беспрекорно функционираше, почна да се открива играта за која секој од нас на свој начин беше свесен, но никој не можеше да ги предвиди последиците.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И кај сите нас кои секој на свој начин бевме влезени во таа игра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во нив на најтопол начин беа испишани изрази на сочувство, како и покани заедно со моето сестриче да станеме членови на нивните семејства.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа посебно се очекуваше од луѓето како Бојана, кои на некој начин беа поврзани со високите структури на власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како што реков на почетокот, Династија на еден начин беше увертира во овој таксират кој што не најде со шпанските серии.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ете тоа беше и на таков начин беше, оти не беше поинаку.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој на некој начин беше угушен со силната централизација на новата Југославија цврсто раководена од комунистите кои ја започнаа антифашистичката борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на тоа голем број луѓе кои не се согласуваа со таквите решенија беа прогонувани, осудувани и затворани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби затоа што и тој на најтесен начин беше врзан со планината и беше во секојдневен допир со неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А ги фаќаше сосем просто: на долг конец, на растојание од една до две педи, нанижуваше зрна пченка; кога ќе го клукнеше птицата зрното - заедно со него го голтнуваше и конецот; и на тој начин беше фатена; попусто преткаше и скокаше не можејќи да го истрга зрното од желудникот заедно со конецот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На овој начин бевме појунаци, похрабри и поподготвени за големи дела за разлика од албанските бранители на морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изземајќи го случајот на еден медиски ексцес кога јавното обвинување за наводна соработка со Службата за државна безбедност на бивша Југославија на најпримитивен начин беше искористено во тековните политички пресметки, изгледа дека кај нас тој проблем воопшто не постои.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога почнував, изворите на уметноста на некој начин беа исцрпени.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако Татко, можеше да ја разбере градбата на хидроцентралите на реката во родната земја Албанија, каде сè уште царуваше сталинизмот, не можеше да разбере зошто во земјата, која се ослободи од Сталин и се отвори кон светот, на толку жесток начин беше прекинат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка на свој начин беше среќна што јагулите засекогаш заминаа од татковите мисли...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)