началник (имн.) - во (предл.)

Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Началник окр. М. Новаковиќ А сакајќи и да ородат два револуционерни соја, но и за понатаму да го имаат под свое Петара Акиноски го оженија со една од Дамческите, со Калина Блажева.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И преку Илка Сукалов, кај кого сега навистина се прикри, иако не го сакаше и сега како едно време кога излезе комита, му ја соопшти својата желба за предавање на самиот окружен началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го молам Инспекторатот да одобри началникот на Флорински (Лерински) срез г. Жупанец да ја врши должноста срески началник во Прилеп до пристигнувањето на новиот началник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)