нација (имн.) - во (предл.)

Со нив се предвидувало: „а) Условите на капитулацијата мора јасно и точно да бидат ограничени на непосредните воени објекти на локално ниво. б) Вие не треба да давате никакви ветувања. в) Капитулацијата треба да биде јасен предмет на кој било инструмент на тотално предавање кој подоцна може да се востанови од Обединетите нации во однос на германската висока команда и/или влада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира, овие кратки назнаки не можат да им удоволат на интензивните и сложени дебати за изворите и варијантите на национализмот коишто ги окупираат историчарите и општествените работници од минатиот век.* Не постојат само различни патишта кон обликување на нациите во европски рамки - треба само да се спор едат британскиот, францускиот, германскиот, италијанскиот и рускиот национализам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И овде, кога зборува за социјализмот, тој ги има предвид пак само своите петербуршки колеги социјалисти што беа најблизу до руските социјалисти, кои пак, навистина, можеби поради позицијата на руската нација во руската држава, пројавуваа полн индиферентизам спрема националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За една нација во која доминацијата на белата раса била историски предицирана на негирањето на разликата ( и на експлоатацијата и искоренувањето 18 Margina #4-5 [1994] | okno.mk на не-белите народи ), “официјалната” претстава на Америка за самата себе е еквивалентна на културната petit mort - израз кој истовремено означува и крајно задоволство и антиципација на смртта. Coco Fusco е писателка и кустос; таа редовно објавува во “Гласот на селото” и во “Нацијата” како и на други места. Tadayasu Sakai Да се биде запрашан за националниот идентитет во јапонската современа уметност е соодветно на чувството на патникот без пасош од кого е побарано објективно да се идентификува себеси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Но зошто да не се надеваме еден ден да се вратиме од егзил со народот, за да живееме во еднаквост, братство и правда со браќата христијани, Евреи и муслимани?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас ова го говорев отсекогаш, уште од 13 ноември 1974 година на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации во Њујорк и во тоа ќе верувам до крајот на животот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој „Мрак“ ќе се обиде само да ги фати тие фрекфенции на ужасот (од апатија) што нè прави речиси најзомбиевска нација во Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)