насмевка (имн.) - го (зам.)

Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓу две видувања два течни бодежа ми скориваа подводни јадови и со иронични насмевки го подбуцнуваа галопот на двете ждребици прегнати во стариот пајтон.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мартин ја поздравува на вообичаено пријателски начин и таа со насмевка го возвраќа поздравот. 106 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таткото со насмевка го погали по косата: „Да, навистина го мислев тоа, што не значи дека те сакам помалку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со широка насмевка го исправаш веќе опуштеното тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Господине, благо се поклони белокосиот и со љубезна насмевка го прими Александар во безбедноста на отворениот чадор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)