народ (имн.) - војска (имн.)

Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- За народот војска беше... негова војска и затоа му се пулеше дека беа многу и затоа што беа негова војска, чудно му беше на народот како ја држи земја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
A сами вие кумитите, сигурно ваа работа не можите да а свршите. Како и сам шо гледаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)