народ (имн.) - сме (гл.)

Да ја видат желбата наша... да видат што народ сме... - Би требало... - им велеше учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А и некој простодушен народ сме: не сакаме и со душманот да се замериме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали е ова наш народ, ќе велам, или и народот сме го згрешиле?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лага е да сме Болгари, и Срби да сме, лага е, Македонци сме, народ сме, а денес веќе нација...
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Лош народ сме ние, еден од друг си ги вадиме очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ех, братче, лош народ сме ние.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама што народ сме ние, луѓе?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дмитар-Пејко го нема, сега и волето му го сотревме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро сине. И друг пат ми имаш речено дека таков народ сме ние. Свртени назад. Загледани во себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мал народ сме, велеше, поробен, испиен и уште да се караме еден со друг.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)