народ (имн.) - живее (гл.)

Таа, со оваа прошетка, видела колку е голем светот и колку многу различни народи живеат во него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа под чии топли зраци народите живеат човечки!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Како место каде народите живеат, т.е. татковина, територијата е важен симболички составен дел од групниот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Прост народ живеел порано, го чув оддалеку гласот на старецот. - Во сѐ верувал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што народ живее таму? - Сѐ Торбеш до Торбеш. Ни Турчин, ни Арнаутин, ни Ѓуптин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Народите живееја во еден вид фаталистички конформизам, споделувајќи ги натаму резултатите на утописката конструкција, чиј идеен творец, владетелот Тито, кој исчезна со верувањето дека нема алтернатива за комунизмот, с уште владееше со инерцијата на владетелите-наследници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да не беше патувањето во Солун, во далечната 1917 година, Мајка никогаш не ќе дознаеше колку е голем светот, колку народи живеат во него и колку јазици се зборуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ги менуваше правилата и ситуациите во кој народите живееја.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)