нарамник (имн.) - ги (зам.)

Гранките од искастрените дрвја, или уште како што ги викаат овдека рошки (поправо, додека не се исечени, додека се на дрво, ги викаат гранки, а после, кô ќе ги пресечат од дрвото, ги викаат рошки) со коли или со нарамници ги пренесуваа до дворовите, блиску до излезните врати од куќите, или ги настожуваа во кошарите и од н ив дрва за огрев насекуваа само толку колку што беше потребно за да се помине денот и ноќта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)