напор (имн.) - го (зам.)

А и претпладневниот напор го истошти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со напор го извлече од лежиштето и го отвори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По Геро, по неговите стапалки, чекореше Евдо, асистент на асистентот - снимател, трудејќи се да не се забележи со каков напор го одржува долгиот чекор на Гера со својот краток и носејќи го стативот со ногарите со таква леснина како да сакаше да каже дека така би го носел под мишка и целиот шатор, само да е фабрички спакуван.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Циганите (тарабука, кларинет и хармоника) со натчовечки напори го корнат коренот на церешната.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)