налет (имн.) - нека (чест.)

Налет нека е таква печалба! Поарно без неа, отколку со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, море, така, така. Како сте нашле вие за мунасип, така нека биде, — одговори Трајко и си помисли во себе „море лели и спасиме главите, другото сето налет нека биде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пусти нека останат парите, налет нека се сторат, токо човекот да го куртулиме — се лигави Митра и си го претставува часот кога ќе го дочека светијованот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако е така, а инаку не може ни да биде, тогаш налет нека му е и конференцијата!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)