надеж (имн.) - му (зам.)

Единствена спас и надеж му беа Дамческите, Јован Богојов, оној што слугуваше кај Муслиовци, и чупта нивна, имаше Јанче научено, се имаа симпатија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повторно најстојуваше да се види со Злата, но и последната нишка надеж му ја скина мајка ѝ нејзина која кога го виде, му рече: - Дете, тргни се веќе еднаш од ќерка ми...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дукле одново се зарадува, одново надежта му се врати.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, надеж, троа надеж му даваше и присуството на хидроинженерите, експертите и другите стручни лица, макар што не веруваше дека тие повеќе ќе бидат на страната на науката, отколку на политиката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ништо. Лажната надеж му го парализираше умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)