надеж (имн.) - е (гл.)

Надежта е сила, не сум сам. Прегратка која ја стоплува душата.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Козарот со своето поведение и страв покажуваше дека надежта е инстинкт што може да ја убие само мислата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Светска војна е ова. Ама надежта е со нас!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што се однесува до мене, јас го нарекувам: голема средба на правдата со вистината иако знам дека тие никогаш и нигде не се сретнале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како сакате наречете го тоа. Немоќ. Снаоѓање. Барање решение и таму каде што секоја надеж е загубена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сета наша надеж е во европското замешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)