мустаќ (имн.) - тежок (прид.)

Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А Тарас Буљба? Навистина тој има мустаќи тешки и дебели како Керим-бег.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)