музеј (имн.) - бев (гл.)

И во музеј бев од немај-каде.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Атеистичкиот музеј беше поместен во центарот на градот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Целта на тој музеј беше од странство да се донесат слики за да може да се оствари некој тип на сообраќај меѓу двете страни на модерната уметност, и музејот беше сосем успешен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме изненади фактот што меѓу посетителите во тоа студеникаво, ситноврнежливо неделно прашко утро, единствен посетител во музејот бев само јас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нараторот дента на посетата на Атеистичкиот музеј беше со борбено настроен дух и не престана да одговара на провокациите на своите собе­сед­ници, особено на А.А., еден вид „сфинга”, предзнак на зла судба, чија задача е да го одрече неговиот „буржоаски космополитизам”, еден од најголемите гревови според владејачката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)