мудур (имн.) - и (сврз.)

И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука беа и мудурот и мутесарифот, па дури и дервишкиот шеик Рушид-баба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)