мудрец (имн.) - кој (зам.)

Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но добро, би ми било тешко да го купам целиот тираж на книгата во издание на Фајар за да го дистрибуирам самата јас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога нашиот национале Бернар Кушнер ја изразува својата нестррливост и својот очај пред сведувањето на сметките на различните заедници на теренот со кои се соочува, тоа е исто така нормално; но има и други позначајни работи отколку да се испраќаат емисари да трагаат во регионот, има таму и неколку мудреци кои ги минуваат нивните животи во читање и медитација на импресивен збир книги, меѓу кои и Библијата, Талмудот и Куранот... и кои на нивните деца им даваат пример на достоинство и благородност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Будистите создадоа еден од најголемите “направи сам” прирачници за ракување со мозокот: Тибетанската книга на мртвите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)