мугра (имн.) - ги (зам.)

На небото sвездите бледо и сонливо намигнуваат, а ветерот ги брка и раскикува сивите облаци и до мугри ги бушави сивата брада на поп Васил и сега побелената коса на Ѓорѓи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во муграта ги изведуваа осудените за извршување на смртната казна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во сурите мугри ги разбудија и ги собраа на вигната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цела ноќ во црквата им се судеше и на сабајле, во бели мугри ги стрелаа надвор од селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)