мрежа (имн.) - низ (предл.)

Ние треба да се видиме себе си како јазли од една мрежа низ чии жици (без оглед дали тие се од материја или енергија) тече информација..
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Французинот и Англичанецот молчеа, и со чашите в рака гледаа во мрежите низ кои одвреме-навреме сонцето се заплеткуваше: личеше на светлива риба што прпелка фатена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Практично, ова е првата фаза за поставување на хидрантна мрежа низ цела површина на депонијата, а што ќе ја ревитализираме. Ме разбирате, колку е тоа важно?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)