мрак (имн.) - кој (зам.)

Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сите мали војни ќе израснат во една голема војна, војна со мракот која ќе биде добиена, со силината на умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова е мрак кој има своја цел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)