мрак (имн.) - проблесне (гл.)

Лицето на Меланхолијата на Дирер е потонато во сенка и од тој мрак проблеснуваат белките на очите, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со ист сјај како белките на очите проблеснува и морето во заднината, а на небото е кометата со својот чудесен блесок, која наскоро ќе исчезне од небото на Меланхолијата, за одново да потоне во мрак нејзиниот свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)