мрак (имн.) - е (гл.)

Воздивот нејзин ми зборува, ми прикажува... ама мене не ме напушта претчувството дека оваа голема густа мрачина навестува само зло... дека сме заедно, еден спроти друг, чувствуваме по дишењето и макар што мракот е голем и густ, ми се чини дека и во него се гледаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи мракот е само над луѓето, до кај што држат буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама кога нивните гласови сосема ги снема, ѝ се пристори дека во мракот е сосема изгубена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слепите го пофаќаа со рака за рокчето и му велеа: - Со рокче се може, синко, но без виделина не се може. Во мрак е најтешко да живееш...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)