мразулец (имн.) - забоде (гл.)

А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа беше видување како кога се гледа низ решетките на затворот, тоа беше низ зарѓани метални квадрати виден свет што ти е близок и познат, а е далечен и недофатлив, свет студен како мразулец забоден во градите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)