моќ (имн.) - се (зам.)

Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мрачните резултати се предвидливи. Како што растеше употребата на кибернетичката комуникација, политичката моќ се сведуваше на оние што ги контролираа воздушните бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа го гледаме уште од подемот на фашизмот и тоталитаризмот...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, оваа соработка ретко е свесен феномен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)