мост (имн.) - кон (предл.)

Околу доцните шеесетти Бојс почна да го употребува цртежот главно во едноставно нотирани „партитури” за неговите перформанси. Овие мали, слободни чкртаници, типично внесени криптични фрази, усмерувачки ознаки, и мноштво отпечатоци, не се лесно читливи, дури и за оние коишто се запознаени со споменатите перформанси. 90 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако нивното значење денес се чини е единствено реликвитетно, овие мали употребни цртежи сепак служат како мост кон големите записи врз школски табли и кои го овозможуваат климаксот на „Мислењето како форма”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Католицизмот ќе пушти најдлабоки корени во Скадар и ќе биде прва вера на Албанците, првиот мост кон европската култура и цивилизација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако авторот Едо поседе колку на истоименикот да му даде доволно време тој евентуално нешто да рече, исто така без збор, зошто молкот му предотегна, стана и се упати преку мостот кон мотелчето на Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури и Влаинката, која, за да не се струполи, го фати под рака мажот си, па и Марин Крусиќ, - дури и тие, по мала недоумица, се упатија во спротивна насока преку мостот кон Каршијак, иако патот не им беше натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АНДРЕЈА: Уште некој час и гладните работници ќе тргнат со налани преку Камени мост кон монополот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беше дамна контаминиран и сега урнат големиот југословенски мост кон Палестина, заедно со маргинализирањето на движењето на неврзаните земји, по крајот на студената војна и биполарната епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакав да пишувам за Арафат и палестинското движење кога заврши мојата дипломатска мисија, за малку години потоа да престане да постои и земјата СФР Југославија која ја застапував во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со оглед на тоа што прави мостови кон другите книги на Луан Старова, Патот на јагулите може исто така да се смета за еден вид музеј.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)