мост (имн.) - префрли (гл.)

Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оптоварен со бремето на тоа мачно време, не забележав кога зад мене остана рамницата на ужасот и се најдов на мостот префрлен над допирот на двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На страната пред портата, се наоѓа еден дрвен мост префрлен преку ровот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)