мост (имн.) - бев (гл.)

Ги гледаше неговите пет сводови како со џиновски замав скокаат во Луда Река, а како централните прескокнуваат повисоко од другите затоа што мостот беше подгрбавен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури кадијата ги водеше овие операции за да ги покори овие села, Селим, Фазли и Даут ја прегазија Црна над Светецот, бидејќи мостот беше урнат од порано и со малку жртви ги нападија нагоре бунтовниците, кои, гледајќи ја големата сила, побрзаа да ја соопштат катастрофата по тие села и да ги спасуваат жените, децата и старците во честите гори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас бев крива што мостот беше малку расипан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По некое време конечно Бистра се симна затоа што сестра ѝ почна многу гласно да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бистра и Мони продолжуваа да се лулаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Средината на решетките од мостот беа најрапави, таму каде што газеле децата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И мостот беше поширок од што таа го замислуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мостот беше направен од железнички спојници и меѓу нив имаше дупки во кои може да ти се фати стапалото, а и нешто малечко може да пропадне низ нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше како пристаниште со две железнички шини во средината, една потенка, а другата подебела и еден неупотребуван пар шини покриени со ’рѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)