морници (имн.) - ме (зам.)

Чувствував дека целата треперам од возбуда, морници ме лазеа .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Студени морници ме полазија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира дека се плашев. Мразев да си го поарчам животот поради неконтролираното однесувње на своеволните и недоволно внимателни индивидуи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека потерата, ако веќе тргнала да нѐ лови, можела да го слушне неговиот глас и од некое трето село преку планината. Си го прочистувал грлото!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МОРНИЦИ - Седат еден морков и една мортадела. „Морници ме фаќаат од месо“, рекол морковот. „А од морфиум?“, прашува мортаделата. „Заеби“, рекол морковот, „дај да фурнеме некои повесели теми: морталитет, морфологија, такви нешта.“ „Добро“, рекла мортаделата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја гледам празнината која во мене буди болка и морници ме тресат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој со цела дланка удри на дрвената нога, а мене студени морници ме стресоа и ми се присторува дека допи-раат далечни поединечни и рафални митралески истрели и силен грмеж на гранати...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се собирам, а лицево се прелива, пламнува и згаснува. Морници ме полазуваат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Не знам зошто имам чудно чувство дека секој ден ми доаѓа судниот ден па се наежувам од уплав и морници ме полазуваат и се замрсувам како долг многу долг и излитен конец јазли полн, а трпение немам да го размрсам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)