можност (имн.) - работодавец (имн.)

Покрај овие промени, со измените и дополнувањето од 2004 година е предвидена и можноста работодавец да може да користи средства предвидени за паричен надоместок во случај на невработеност со цел работно ангажирање на примателот на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: •  измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа ја отвори можноста, во иднина, таа може да се изрече и паралелно со дадениот отказ (чл. 2, ЗИДЗРО/дек.08); •  исто така, беше воведена и можноста работодавецот, наместо да го „избрка“ работникот поради деловни причини, да му понуди склучување на променет договор за вработување – се разбира, доколку постои таква можност – при што, логично, овој нов договор би бил понеповолен за работникот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Останати промени во сферата на отказите, воведени со носењето на ЗРО (2005) се следниве: •  кај листата на неосновани причини за отказ даден од страна на работодавачот (чл. 77, ЗРО/05), симптоматично е тоа што, намерно или 37 не, е испуштено „стручното усовршување за потребите на работодавецот“ (чл. 121, ЗРО/03 – Пречистен текст), што наведува на заклучокот дека оваа причина од неоснована е трансформирана во основана – т.е. дека работодавачот, во овој период, кога работникот се доусовршува, може „оправдано“ да му даде отказ!?; •  воведена е можноста работодавецот наместо да го „избрка“ работникот поради лични причини на вина, да му изрече парична казна поради дисциплинска одговорност – во износ кој не може да биде поголем од 15% од последната исплатена месечна плата, и тоа во траење од еден до максимум шест месеци (чл. 84, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во поглед на засновањето работен однос, а во согласност со одредбите од Законот за работни односи, 5 со донесувањето на ЗВОСН беше укината задолжителноста на објавувањето оглас за вработување за пополнување на дадено работно место преку воведувањето на можноста работодавецот да обезбеди работник без огласување (чл. 6, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)