можност (имн.) - барање (имн.)

Освен до дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, во државата чиј државјанин е или во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој, се отвори можност барањето за издавање на работна дозвола странскиот државјанин да може да го поднесе и во АВРМ, која е должна по службена должност да обезбеди мислење од Министерството за внатрешни работи, освен во случаите кога странецот поседува: (1) дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување; (2) дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на РМ; (3) дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини – жртва на трговија со луѓе и (4) лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 1 од ЗИДЗВРС/јул.12);64 б) се допрецизира и постапката за издавање на работна дозвола врз основа на барање на работодавач и на корисник на услуги, со 64 Закон за азил и привремена заштита, Сл.весник на РМ – 49/03, 66/07, 142/08, 146/09 и 166/12. 71 додавање на два нови става со кои се пропиша дека во одредени случаи (кога барањето за добивање на работна дозвола не се доставува до дипломатско – конзуларно претставништво на РМ во странство) барањето за добивање на работна дозвола може да се поднесе и подигне од АВРМ, која е должна да обезбеди мислење по службена должност од Министерството за внатрешни работи (чл. 2 од ЗИДЗВРС/јул.12). 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)