млаз (имн.) - вода (имн.)

Изгледаше како обата брега да исфрлиле еден спрема друг по еден пенлив млаз вода и кога тие два млаза се судриле, составиле лак и така останале за еден миг, реејќи над бездната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го миеше подолго отколку што требаше, задржувајќи ги прстите под топлиот млаз вода уште неколку секунди откако филџанот беше сосема чист.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од Вишеград и од Рогатица доаѓаа граѓани и му се восхитуваа, жалејќи дека тој се наоѓа во таа пустелија и дивина, а не во нивната касаба. – Требаше да се роди везир! – им одговараа жителите на Жепа и удираа со дланката по камената ограда која беше права со остри рабови како да беше изделкана од сирење, а не од камен пресечена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа беше одушевена од малата воденица за мелење жито чиј воденичен камен се вртеше од еден млаз вода што бликаше од една прскалка од црево, а се одушевуваше и од мостот-играчка, што беше изграден од тули, кој ги издигаше своите грациозни сводови над малиот вештачки вир што се полнеше од водата што го движеше воденичниот камен и во кој Милан одгледуваше една златна рипка, и некои необични водни растенија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)